Македонија „Професорски пленум“ го поддржува СОНК

„Професорски пленум“ го поддржува СОНК

Професорскиот пленум изразува цврста и недвосмислена поддршка на Синдикатот за образование, наука и култура како организација и на секој негов член и членка, охрабрувајќи ги да го искористат своето уставно право на штрајк, пишува во соопштението на „Професорски пленум“.

– Најостро го осудуваме секој облик на притисок, вклучувајќи ја и заканата „воведување замена“. Тоа што ова решение е легализирано, не значи и дека е уставно и дека не ги крши работничките и синдикалните права. Ако смислата на штрајкот е престанок со работа како облик на притисок за да се подобрат сопствените работнички права, воведувањето замена претставува системски и државно спроведено поништување на ефектот на штрајк – пишуваат професорите. 

Тие ги повикуваат наставниците да се спротистават на сите притисоци и да се охрабрат за своите права.

– Зборот „штрајкбрехер“ е едно од најсрамните именувања. Не дозволувајте притисоците од директорите и од општините да ве претворат во штрајкбрехери. Храбро напред за сопствените права! Само со смелост и со солидарност ќе успеете да ја подобрите сопствената состојба. „Професорски пленум“ е со вас – пишува во соопштението на професорите.