Македонија „Професорски пленум“ го поддржува штрајкот на СОНК

„Професорски пленум“ го поддржува штрајкот на СОНК

„Професорски пленум“ ги поддржува членовите на СОНК и ги охрабрува да продолжат со штрајкот сè до постигнување на крајната цел и до исполнување на нивните барања.

„Правото на штрајк е уставно загарантирано во Република Македонија и никој нема право да го спречува, особено не носителите на јавни функции и претставниците на власта. Затоа, исклучително важно за демократскиот амбиент во државата е членовите на СОНК да бидат јавно поддржани од сите граѓани да истраат во нивната битка за остварување на зацртаните цели – подобрување на условите во кои работат просветните и културните работници. „Професорски пленум“ недвосмислено и јавно ги поддржува најавените протести организирани од СОНК, кои се планираат во текот на оваа седмица и ги повикува своите членови да им се приклучат, изразувајќи на овој начин солидарност со своите колеги наставници“, се вели во соопштението од „Професорски пленум“.