Македонија Професионален војник се самозастрелал во Прилеп

Професионален војник се самозастрелал во Прилеп

Вчера, додека бил на стража во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, професионален војник на АРМ добил прострелна рана од автоматска пушка која ја имал до себе.

АРМ извести дека од засега неутврдени причини, кај професионалниот војник, стар 27 години, оловното зрно завршило во стомакот, а неговите колеги кои биле на должност, веднаш му пружиле прва помош и за кратко време војникот бил пренесен во градската болница во Прилеп, каде било констатирано дека кај него има влезно-излезна прострелна рана во пределот на стомакот.