Македонија Продолжен рокот за полагање англиски јазик за таксистите

Продолжен рокот за полагање англиски јазик за таксистите

Рокот за пријавување за полагање на испитот за англиски јазикза за сите такси-возачи да добијат сертификат за познавање англиски јазик, се продолжува до 30 април 2015 година, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk.

Имено, во согласност со Законот за патен сообраќај, сите автотакси-возачи мора да поседуваат сертификат за познавање основен степен на англиски јазик, кој понатаму е еден од условите за стекнување лиценца за вршење автотакси-превоз и кој ќе биде задолжителен од 1 јануари 2017 година.