Македонија Приведени три лица, сакале да летаат од Охрид со фалсификувани британски пасоши

Приведени три лица, сакале да летаат од Охрид со фалсификувани британски пасоши

„Трите лица биле предадени на одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид за понатамошна постапка“, информираат во Министерството за внатрешни работи

Фото: ТАВ Македонија

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В.(24), Б.И.(31) и малолетничка, сите државјани на Република Албанија, оти при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи.

„Трите лица биле предадени на одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид за понатамошна постапка“, информираат во Министерството за внатрешни работи.