Македонија Приведена скопјанка под сомнеж дека принудувала две малолетнички на секс

Приведена скопјанка под сомнеж дека принудувала две малолетнички на секс

Возрасните мажи ги снимале и ги фотографирале двете девојчиња, кои се на возраст од 13/14 години

Фото: Nicolas Armer/dpa

Во шест часот изутрина, полицијата уапсила жена од Скопје, за која постојат сомнежи дека принудувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи. Тие ги снимале и ги фотографирале двете девојчиња. Настанот се случил во Ѓорче Петров, откако родителите на едно од девојчињата, кои биле на возраст од 13-14 години, пријавиле дека нивната ќерка не се вратила дома.

За Мета.мк од МВР го потврдија случајот.

„На 01.12.2023 околу 06 часот во Скопје приведена е Г.Р. од Скопје поради основи на сомнение дека на територија на Скопје овозможувала на возрасни лица да имаат сексуални односи со две малолетнички од Скопје, при што истите и ги снимале. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјавија од МВР.

Според нашите информации, не е познато дали скопјанката Г.Р принудувала малолетнички на секс и во други наврати. Истрагата за случајот е во тек, а известен е и јавен обвинител.