Македонија Притвор за уапсените од Ваксинце

Притвор за уапсените од Ваксинце

Судија на претходна постапка им одреди притвор на четворица жители на кумановското село Ваксинце, кои беа приведени во полициската акција што беше спроведена вчера, кога во ова село беа затекнати 128 мигранти.

На двајца од уапсените им е одреден 30-дневен притвор, додека на другите двајца им е одреден притвор во траење од осум дена.

Мигрантите биле најдени во пет куќи во селото, од кои четири куќи биле во сопственост на уапсените, а една била напуштена.