Свет Свет Припадник на ИД јавно ја погубил мајка си

Припадник на ИД јавно ја погубил мајка си

Припадник на Исламска држава јавно ја погубил својата мајка во сирискиот град Рака, затоа што го поттикнувала да ја напушти терористичката организација, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Жената, во своите 40 години, го предупредила синот дека алијансата на чело со САД ќе ја збрише ИД и го терала заедно да го напуштат Рака.

Мајката била притворена откако синот ја известил милитантната група за нејзините изјави, се наведува во соопштението на Опсерваторијата со седиште во Лондон.

Повикувајќи се на локални извори, Опсерваторијата наведува дека 20-годишното момче ја погубило својата мајка пред стотина луѓе во средата, во близина на поштата во Рака, во која работела.