Свет Европа Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон добија ќерка

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон добија ќерка

Кетрин Мидлтон, војвотката од Кембриџ, утринава роди девојче, соопшти Кенсингтонската палата.

Ќерката на принцот Вилијам и на Кејт, според соопштението, се родила во 8.34 часот. Таа е четврта во линијата за наследство на британската круна, по братот Џорџ, таткото Вилијам и по дедото, принцот Чарлс.

Војвотката од Кембриџ, утрово беше примена во одделот за акушерство на болницата „Сент Мери“ во Лондон, каде го роди првото дете, принцот Џорџ.