Македонија Презентација на проектот „Македонија вработува“ во Крушево

Презентација на проектот „Македонија вработува“ во Крушево

Агенцијата за вработување денеска во Крушево ќе ги презентира поволностите на проектот „Македонија вработува“.
Проектот, кој досега се презентираше во повеќе градови во земјава, овозможува вработување лица од повеќе категории.

Една од можностите што се нуди со овој проект е вработување на лицата до 35 години, кои најмалку три месеци се невработени. Со нивното вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси три години, но со обврска една година да ги задржат на работа.

Во втората категорија спаѓаат граѓани од 35 до 50 години, за кои е предвидено ослободување од плаќање придонеси со обврска работодавецот да ги задржи плус една година на работа. За постарите од 50 години е предвидено ослободување од плаќање на придонеси во рок од пет години, а за највозрасните, над 58 години, ослободување од плаќање придонеси сè до нивното пензионирање. Петгодишно ослободување на плаќање придонеси се предвидува и за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа.