Дописници Превентивна дератизација во Штип

Превентивна дератизација во Штип

Општината Штип денеска попладне ќе спроведе дератизација, како превентива против болеста туларемија што ја пренесуваат глодарите.

Овластена фирма ќе постави препарат во 160 канализациски шахти на територијата на општината.

Во Штип нема регистрирано случај на заболен од туларемија, меѓутоа епидемија беше прогласена во соседната општина Лозово.

Епидемиолозите сметаат дека парцијалната дератизација во одделни општини не е доволна заштита од болеста, туку дератизација треба да се изврши на територија на целата држава, како што се правеше некогаш.

Дератизацијата ќе се врши во периодот од 16 до 20 часот попладне.