Македонија Претседателот на Меѓународната нотарска унија во посета на Македонија

Претседателот на Меѓународната нотарска унија во посета на Македонија

Даниел Седар Сенгор, претседател на Меѓународната нотарска унија, денеска и утре, ќе престојува во Скопје по повод 17 години од основањето на нотаријатот во Република Македонија.

Меѓународната нотарска унија е организација во која членуваат 86 земји од светот, од кои 22 земји-членки на Европската унија, и има цел да ги координира и да ги развива функцијата и работата на нотарите во целиот свет, врз принципите на латинскиот нотаријат, чиј облик е најзастапен.

На 30 септември 2001 година, на конгрес во Атина, Нотарската комора на Република Македонија е примена во членството на Меѓународната нотарска унија под уставно име и полноправно учествува во работата и на состаноците на комисиите за европски и за медитерански прашања.