Македонија Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд во Охрид

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд во Охрид

„Моите мисли се со неговото семејство и најблиските во овој тежок период. Нека почива во мир“, додава Сиљановска Давкова

Фото: Претседателски кабинет

Доцна синоќа во Охрид била организирана неформална комеморација по ненадејната смрт на поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд. На комеморацијата присуствувала и претседателката Гордана Сиљановска Давкова при што таа изразила сочувство за ненадејно починатиот шкотски политичар.

Фото: Претседателски кабинет

„Искрено сочувство по повод смртта на поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд кој вчера почина во Охрид за време на Вториот Форум за културна дипломатија што се одржа во ко-организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите“, соопшти кабинетот на претседателката.

„Моите мисли се со неговото семејство и најблиските во овој тежок период.
Нека почива во мир“, додава Сиљановска Давкова.

Поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд почина ненадејно во Охрид