Македонија Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд и со грмежи, претежно во источните и во јужните делови од земјава. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 35 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе преовладува слично време, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно и ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 32 степена.