Хроника Пресудите за лихварите од Гостивар станаа правосилни

Пресудите за лихварите од Гостивар станаа правосилни

Со правосилна пресуда од Апелацискиот суд – Скопје и со ефективни затворски казни, завршен е предметот во јавноста познат како „Чекан“, информираше Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во предметот што го водеше Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и за корупција им се изречени затворски казни на седум лица за лихварство и за изнуда. Од осудените лица е конфискуван имот од кој оштетените имаат право на надомест на штета.

Во предметот „Чекан“  беше опфатена криминална  група која дејствувала во континуитет, почнувајќи од 2008 година, претежно на територијата на општина Гостивар. Обвинетите подолго време се занимавале со лихварство, а на должниците им се заканувале и користеле насилство врз нив.