Македонија Прес-конференција на Груевски во 16 часот

Прес-конференција на Груевски во 16 часот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во 16 часот ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прес-конференцијата на Груевски следува по прес-конференцијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на која таа соопшти дека СЈО ќе поднесе 17 обвиненија за 18 предмети за 94 физички лица и за 7 правни лица.

Според збирниот извештај на СЈО, се бара притвор за Груевски, за поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, за поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, како и за поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Освен за нив, во поднесените обвиненија СЈО бара притвор и за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, како и за уредникот на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас.

Покрај притворите, СЈО бара да им бидат одредени мерки на претпазливост на уште 47 лица.