Македонија Премиерот Никола Груевски упати честитка по повод празникот Свети Сава

Премиерот Никола Груевски упати честитка по повод празникот Свети Сава

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до српската заедница во Македонија по повод празникот Свети Сава.

„Истовремено, наша чест и задоволство е да го одбележиме и прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, заедница која е значаен дел од македонското мултиетничко општество, која со својот ангажман и посветеност дава свој придонес во напорите за унапредување на економскиот, политичкиот, културниот живот во земјата, и влијае на општиот развој на земјата. Српската заедница претставува дел од нашето општество и со своите особености придонесува во зачувување на уникатноста на нашата држава и е активен учесник во процесите. Ви посакувам добро расположение во текот на оваа светосавска недела, убава домашна атмосфера и добро здравје, среќа и успех на сите припадници на српската заедница во Република Македонија“, стои во честитката.