Македонија Прекини на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Прекини на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Од АМСМ известуваат дека поради минирања што ќе се прават близу до патот Кичево – Охрид (А2), односно меѓу планинскиот превој Пресека и село Врбани, денеска на овој патен правец ќе има прекини во сообраќајот.

Прекините ќе бидат од 12 до 14 часот и од 15 до 17 часот. Се очекува прекините да траат од 15 до 20 минути.