Македонија Прекинат штрајкот на железничкиот сообраќај

Прекинат штрајкот на железничкиот сообраќај

Синдикатите на машиновозачите го прекинаа штрајкот на патничкиот и на товарниот железнички превоз по средбата со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Возовите ќе сообраќаат според утврдениот возен ред.

В понеделник ќе почнат преговори за исполнување на барањата на машиновозачите, а колективен договор ќе биде потпишан во рок од две недели до еден месец. Независниот синдикат ќе преговара и за барањето за промена на пресметката на бенифициран стаж. Со министерот е постигнат договор за исплатата на плати да биде еднократна, а не двапати месчно.