Македонија Прегазена жена во Скопје, полицијата го фати возачот што избегал

Прегазена жена во Скопје, полицијата го фати возачот што избегал

Возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата, но подоцна полицијата го пронашла и привела

Фото: Мета.мк

Жена се наоѓа во критична состојба, откако била тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.

Во неа удрил автомобил марка „БМВ“ (BMW) управувано од 34-годишниот А.С. од селото Марино, општина Илинден. Иако повеќе медиуми утрово објавија дека возилото било без регистарски таблички, во најновото соопштение на Министерството за внатрешни работи (МВР) пишува дека автомобилот имал скопски регистарски ознаки.

Возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата, но подоцна полицијата го пронашла и привела.

51-годишната жена по несреќата била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.