Македонија Предложен казнен налог за повреда на угледот на поранешната амбасадорка на САД

Предложен казнен налог за повреда на угледот на поранешната амбасадорка на САД

фото: Glenn Carstens-Peters на Unsplash

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднело Предлог за издавање на казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за кривично дело „Повреда на угледот на странска држава“ по член 181 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство.

Обвинетиот, преку коментар со вулгарна и навредлива содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12 април минатата година ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјава и на тој начин го сторил кривичното дело. Американска амбасадорка во Северна Македонија во тој момент беше Кејт Мери Брнз.

Од обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител на Основниот суд во Тетово му предложил да му изрече парична казна на обвинетиот од 100 дневни глоби.