Македонија Пратениците ќе расправаат за Законот за патните исправи на државјаните

Пратениците ќе расправаат за Законот за патните исправи на државјаните

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска, на 41. седница, ќе ги разгледуваат предлог-законите за измени и за дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, за измени на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, како и измени и дополнување на Законот за здравственото осигурување во прво читање.

На прво читање пред пртениците во Собранието ќе се најдат и предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, предлог-законот за измени и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, како и предлог-законот за јавнообвинителска служба.