Македонија Повторно одложена Комисијата за надворешна политика на која Димитров треба да реферира

Повторно одложена Комисијата за надворешна политика на која Димитров треба да реферира

Второто продолжение на Комисијата за надворешна политика на која треба да реферира шефот на дипломатијата Никола Димитров е повторно одложено и презакажано за 1 август.

Од Собранието велат дека седницата се презакажува поради одредени собраниски обврски поврзани со координацијата на пратеничката група, во врска со најавената пленарна седница за утврдување на референдумското прашање во однос на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Последното продолжение требаше да се одржи во четвртокот, но седницата беше одложена за понеделник. Претседателот на Комисијата Антонијо Милошоски тогаш рече дека седницата ќе продолжи со работа кога пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат ќе ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Тој информираше дека пратениците со писмо ќе ги побараат овие материјали кои, според него, се наоѓаат кај генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.