Дописници Повреден рудар во Добрево

Повреден рудар во Добрево

37 – годишен рудар синоќа завршил со телесни повреди додека работел во рудникот на „Индоминерали и метали“ во Добрево. СВР Штип ја потврди несреќата, која кај нив ја пријавиле од Здравствениот дом од Пробиштип. Оттаму рударот, со иницијали Б.В. од селото Ратавица, бил пренесен во Клинички центар во Штип. Во штипската болница му била укажана помош, но по негово барање, рударот е пуштен на домашно лекување.

Се очекува денеска рударски инспектор и Обвинителството да излезат на терен.

Ова е четврта рударска несреќа што се случува во последните два месеца, и покрај тоа што раководството на индиската компанија која стопанисува со рудникот, ги засили безбедносните мерки.

В.К.