Спорт Спорт Македонија Повредата на Николиќ не е сериозна

Повредата на Николиќ не е сериозна

ЖРК Вардар ја победи Подравка со 35:25

Ракометарката на Вардар, Јулија Николиќ, која се повреди на натпреварот меѓу Вардар и Подравка во Лигата на шампионите, нема долго да биде надвор од терените. Лекарските прегледи покажале дека не се работи за посериозна повреда иако првично се стравуваше дека се работи за кинење на лигаментите, повреда поради која би можела да го пропушти остатокот од сезоната.
„Првите лекарски прегледи укажуваат на тоа дека не се работи за посериозна повреда, што значи дека Николиќ нема долго време да биде надвор од терените“, стои во соопштението од ЖРК Вардар.
Николиќ се повреди на почетокот од вториот дел од натпреварот, по што не влезе во игра до крајот.