Македонија Повик на интернет за собир „за обединување против внатрешните непријатели“

Повик на интернет за собир „за обединување против внатрешните непријатели“

По денешното обраќање на премиерот Никола Груевски во Владата, на социјалните мрежи се појави фотографија од сонцето на Вергина на која пишува „Да се обединиме против внатрешните непријатели! Да го искажеме нашиот револт! Ова мора да престане!“

Како локација на настанот е напишан паркот  „Жена-борец“, а собирот би требало да почне во 17 часот.