Македонија Повик до граѓаните да пријавуваат лица или семејства на кои им е...

Повик до граѓаните да пријавуваат лица или семејства на кои им е потребна помош

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје (МЦРСР) апелира до граѓаните да го контактираат секогаш кога ќе добијат информација дека е потребна помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик.

Пријавите ги разгледува специјализиран тим формиран минатата година. Тимот постапува по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги во надлежност на  Меѓуопштинскиот центар.

Специјализираниот тим е активен 24/7, односно е задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите.

Телефонските броеви на тимот се 078 230 943 и 076 381 762.