Македонија Повеќе закони на собраниската седница

Повеќе закони на собраниската седница

Собранието денеска треба да одржи продолжение на 43. седница, со расправа за предложените измени и дополнувања на законите за Управата за јавни приходи, за Царинската управа, за надворешни работи, за судска служба и за извршување на санкциите, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог-законите за изменување на законите за јавни претпријатија, за култура, за здравствена заштита, за здравствено осигурување, за пензиското и инвалидското осигурување, за продажба и за давање под закуп на деловните згради и на деловните простории на Република Македонија, по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат и за предложените измени на законите за безбедност на храната, за водните заедници, за земјоделско земјиште, за социјална заштита, за технолошки индустриски развојни зони.

Предлог-одлуките за давање согласност на финансискиот предлог-план и годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година, како и годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година се, исто така, дел од дневниот ред на 43. седница.