Македонија Повеќе од 100 точки на отворената владина седница в недела

Повеќе од 100 точки на отворената владина седница в недела

Владата в недела ќе одржи отворена седница која ќе се пренесува во живо преку медиумите и на која ќе има повеќе од 100 точки, информираше владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Според него, во следниве два дена тој број се очекува да се зголеми.

– Ќе имаме точки од секој ресор, од секое министерство, точки кои ќе значат реализација на проекти, односно согледување на статусот на напредок во реализација на поединечни проекти или разгледување на извештај на ефектите за определен проект кој веќе е завршен – вели Ѓорѓиев.

Следниот петок, 26 декември, Владата организира и „Црвен тепих за граѓаните“. Досега се пријавени 200 лица кои ќе можат да проследат дел од владините комисии, да поразговараат со надлежните и да дадат свои идеи, предлози и критики.