Свет Свет Потврден птичји грип во Британија

Потврден птичји грип во Британија

На фарма за патки во Јокшир, Велика Британија, потврдено е присуство на птичји грип. Како што пренесуваат британските медиуми,  од  одделот за животна средина, храна и земјоделски работи ДЕФРА навеле дека постои сосема мал ризик луѓето да заболат од вирусот.

– Ги презедовме сите итни мерки, поставена е рестриктивна зона во круг од десет километри од фармата за да се спречи ширење на инфекцијата – наведе ДЕФРА.

Иако обликот на грипот сè уште не е утврден, официјални лица инсистираат на тоа дека не станува збор за смртоносниот облик на вирусот Х5 Н1.

– Постојат повеќе облици на птичји грип, повеќето од нив се безопасни за луѓето, меѓутоа Х5Н1 и Х7Н9 изминативе години предизвикаа доста проблеми. Вирусите од типот Х7Н7 и Х9Н2 можат да се пренесат на луѓе, но за тоа постои мала веројатност – истакнуваат од ДЕФРА.

Холандските власти во неделата соопштија дека на една фарма во централниот дел од државата откриле „високо патоген“ вид на птичји грип.