fbpx

Македонија забрани увоз на пилешко месо од Бугарија поради птичји грип

-

По добиеното известување од бугарските ветеринарни власти за појава на случај на птичји грип H5N1 во регионот на Бургас во понеделникот и по официјалната потврда за болеста добиена од Европската комисија во текот на вчерашниот ден, Агенцијата за храна и ветеринарство, за да се спречи евентуално пренесување на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Македонија, изрече мерка привремена забрана за увоз и за транзит на живина и диви птици, како и за производи и за нуспроизводи од живина и од диви птици ( вклучително и јајца) по потекло од Бугариjа, зона под надзор во радиус од 30 километри од местото Пода, во регионот Бургас.

На сила останува забраната за увоз од Германија, додека поради непријавени нови жаришта, од листата на забранети земји за увоз симнати се Велика Британија и Холандија.

Поради континуирано присуство на оваа болест, земјите од Африка и од Азија подолго време се наоѓаат на листата на забранети земји за увоз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...