Свет Европа Постигнат договор за повлекување оружје во Украина

Постигнат договор за повлекување оружје во Украина

Украина и проруските сепаратисти објавија дека постигнале договор за повлекување оружје со калибар помал од 100 милиметри во подрачје од 15 километри од двете страни на фронтот на истокот на земјата.

Иницијативата, потврдена по тримесечни преговори, е објавена пред самитот во Париз на лидерите на Украина, Русија, Франција и на Германија за напредокот на мировниот процес во Украина.

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер, ја поздрави одлуката и инсистираше на спроведување на мировниот договор за истокот на Украина потпишан во февруари во Минск, благодарение на француско-германското посредништво.

Повелбата на договорот ќе трае 41 ден, кога сите страни ќе го повлечат своето оружје на 15 километри од линијата на фронтот.