Македонија Посебен сообраќаен режим за „Пресвета Богородица“ на Матка

Посебен сообраќаен режим за „Пресвета Богородица“ на Матка

По повод верскиот празник „Успение на Пресвета Богородица“, чие што духовно чествување, според најавата на МПЦ-ОА ќе се одржи во село Долна Матка, во манастирот „Пресвета Богородица“, СВР Скопје во текот на утрешниот и задутрешниот ден ќе воведе посебен сообраќаен режим во реонот кон манастирскиот комплекс.

Сообраќајниот режим се однесува за периодот од 16,00 часот до 20,00 часот и тоа на локалниот пат село Сарај –ХЕЦ „Матка“ кон манастирскиот комплекс.