Македонија Поради невремето, неколку автобуси на ЈСП со скратена траса

Поради невремето, неколку автобуси на ЈСП со скратена траса

Поради обилните врнежи од снег, во моментов неколку автобуски линии на ЈСП функционираат со скратена траса, објави „А1 он“. Тоа се автобуските линии со броевите: 11 (до пругата во Ѓорче Петров), 47-а (до обиколница), 51 (до мостот пред село Моране), 56 (до Расадник), 58 (до Кисела Вода), 58-а (до Кисела Вода), 60 (до с. Глумово), 61 (до каменолом), 64 (до Волково), 65 (до Црешево), 70 (мост кај Батинци), 74 (до Долно Количани), 81 (до Чучер Сандево).

Линијата на автобусот кој сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно е целосно во прекин.