Забава Поради хакерски напад, неколку филмови на „Сони“ се појавија на пиратски веб-страници

Поради хакерски напад, неколку филмови на „Сони“ се појавија на пиратски веб-страници

Најмалку пет нови филмски остварувања на „Сони пикчрс“ се најдоа на пиратски веб-страници, како последица на хакерски напад.  Меѓу нив се наоѓаат четири филма што уште не се прикажани во кино-салите.

Меѓу филмовите што протекоа во јавноста како последица на хакерскиот напад е „Ени“ со Џејми Фокс и со Камерон Дијаз, чија премиера е закажана за 19 декември. Најмногу внимание доби воената драма „Бес“ со Бред Пит во главната улога. Филмот премиерно беше прикажан на 17 октомври. Според податоците на „Вариети“, преку пиратските веб-страници, филмот „Бес“ досега е преземен повеќе од милион пати.

Меѓу филмовите што се најдоа на пиратските веб-страници се „Господин Танер“, „ Сè уште Али “ и „Да напишеш љубов на нејзините раце“.

По излегувањето на „Платеници“ во јули, за што беа уапсени две лица, ова е најголемиот случај на пиратско преземање филмови што се случил годинава.

За хакерскиот напад одговорност презеде групата што се нарекува „Чувари на мирот“ (Guardians of Peace).