Македонија Поради големи наноси од снег, отсечен ски-центарот „Кожуф“

Поради големи наноси од снег, отсечен ски-центарот „Кожуф“

Патот кон скијачкиот центар „Кожуф“ сè уште е непрооден поради наносите од снег. Засега до центарот се стигнува само по патот од гевгелиска страна, кој води преку месноста Смрдлива вода.

Од скијачкиот центар „Кожув“  велат дека во најскоро време патот ќе биде исчистен и прооден за да може до него да стигнат сите заинтересирани туристи.