Македонија Попладнево ќе се одржи трката „Низ улиците на Скопје 2023“, затворени четири...

Попладнево ќе се одржи трката „Низ улиците на Скопје 2023“, затворени четири улици во центарот

Трката ќе започне и ќе заврши кај „Порта Македонија, а затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Никола Вапцаров“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“ и „Филип Втори Македонски“

Фото: Атлетска федерација

Попладнево од 16:30 часот, на улиците во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на меѓународната ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2023“. Трката ќе започне и ќе заврши кај „Порта Македонија, а затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Никола Вапцаров“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“ и „Филип Втори Македонски“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, за време на траењето на трката, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Трката „Низ улиците на Скопје 2023“ се организира во чест на 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, од страна на Атлетската федерација на Македонија во соработка со Градот Скопје, МВР и Агенцијата за млади и спорт.