Македонија ПОПГМ: Сојузот на здруженијата на пензионери да даде отчет за парите од...

ПОПГМ: Сојузот на здруженијата на пензионери да даде отчет за парите од членарина

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), со осуда реагира на постапките на раководството на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија (СЗПМ) и на пишувањето на весникот „Пензионер плус“.

Од партијата бараат да не им се оспорува правото на тие што ја плаќаат членарината да прашуваат за што и како се троши. Односно, аналитички, ставка по ставка и личност по личност, да се објави извештајот за годишното трошење на најмалку 87.408.000 денари (120.000 евра во СЗПМ и 1.300.000 евра во Здруженијата).

Исто така, од ПОПГМ бараат да се објави колку лица се вработени и колкави се нивните примања пединечно, односно кои лица и колку години по ред примаат надомест за вршење функција, или работа во комисија.

Дали на овој начин во СЗПМ и Здруженијата се сфаќа и протежира волонтеризмот, прашуваат од Партијата на обединети пензионери.

„ПОПГМ, исто така, со правото кое го црпи од положбата на своите членови пензионери кои плаќаат членарина во ЗП, секогаш ќе реагира кога било кој поединец или политичка партија ќе се обиде СЗПМ и ЗП да ги злоупотреби и искористи за остварување на лични, или политички цели“, се вели во писменото соопштение.