Македонија Помилувањата на Иванов стигнаа во Кривичниот суд во Скопје

Помилувањата на Иванов стигнаа во Кривичниот суд во Скопје

Попладнево во Основниот суд Скопје 1 биле доставени сите одлуки на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција на политичари и на нивни соработници против кои се водат предистражни, истражни и судски постапки.

Како што информираат од судот, сите одлуки сосе решенијата за конкретните предмети биле дадени на судиите што ги водат предметите за постапување.

„Во Основниот суд Скопје 1 попладнево беа доставени сите одлуки за помилување – ослободување од гонење, од страна на кабинетот на претседателот на Република Македонија, на запознавање и за понатамошно постапување во судот. Со секоја одлука испратени се и решенија за конкретни предметни што се водат пред овој суд, за кои се дозволува помилување – ослободување од гонење, кои се доставени до судиите надлежни за конкретните предмети, кои треба да постапат по одлуката на претседателот на Република Македонија“, стои во соопштението на судот.