Хроника Полицијата трага по 49-годишен исчезнат охриѓанец

Полицијата трага по 49-годишен исчезнат охриѓанец

Полицијата трага по 49-годишен охриѓанец, со иницијали Е.М., кој се води како исчезнат од 2 февруари, а кого дури вчера во 11.55 часот, во полициската станица во Охрид, го пријавил пет години постариот брат.

Исчезнатиот последен пат бил виден на 2 овој месец, во 13 часот, кај камповите на Феријалниот сојуз во Охрид, од каде заминал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.