Хроника Полицијата ги истражува причините за смртта на шестмесечно бебе во Тетово

Полицијата ги истражува причините за смртта на шестмесечно бебе во Тетово

Вчера попладне, околу 13.20 часот, во тетовската клиничка болница било донесено починато машко бебе, старо шест недели. Како што информираат од полицијата, бебето го донел неговиот татко Б.Ј.(26) од Тетово, откако утрото со својот син, кој имал здравствени проблеми, бил кај пензиониран педијатар во градот.

Според полицијата, педијатарот на бебето му дал одредена терапија, но по неколку часа неговата состојба се влошила. Околу пладне таткото повторно го однел синот кај педијаторот, но бидејќи тој не бил таму, за лекарска помош се обратиле во соседната амбуланта, каде лекарите констатирале дека детето е починато. По извесно време, таткото се вратил кај педијатарот и физички го нападнал, а потоа бебето го однел во тетовската клиничка болница.

Од полицијата информираат дека „во координација со јавен обвинител и по негова наредба, починатото бебе е дадено за обдукција“ за да се утврдат причините за смртта, а нивни екипи работат на расчистување на случајот.