Македонија Поднесени се 17 листи на пратеници за парламентарните избори

Поднесени се 17 листи на пратеници за парламентарните избори

ДИК по приемот на листата на кандидати утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот закон

Фото: Влада на РСМ

До Државната изборна комисија, заклучно со вчера на полноќ пристигнати се вкупно 17 листи на кандидати за пратеници за изборите за пратеници во Собранието кои ќе се одржат на 8 мај годинава.

Листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори во мај, доставиле СДСМ (Kоалиција за европска иднина), ВМРО- ДПМНЕ (Коалиција Твоја Македонија), ЗНАМ, РОДИНА, АВАЈА, РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА, ТВОЈА ПАРТИЈА, ГРОМ, МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНОСТ, ДУИ (Коалиција за европски фронт), ДЕМОКРАТИ, ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА, група избирачи ЏУЛА ЧЕЛИКУ, Коалиција ВЛЕН, ЛЕВИЦА, ДЕСНА и НОВА АЛТЕРНАТИВА.

ДИК по приемот на листата на кандидати утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот закон.
Државната изборна комисија проверува дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат условите предвидени во Уставот и член 7 ст. 2, 3 и 4 од Изборниот закон, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции.