Македонија Подготвена нацрт-стратегија за реформата на правосудниот сектор

Подготвена нацрт-стратегија за реформата на правосудниот сектор

На денешниот, втор состанок на Советот за реформа на правосудниот сектор, што се одржа во Министерството за правда, е презентиран и нацрт за Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, информираше министерството .

„Нацрт-стратегијата беше поздравена како добар стратешки  документ, во кој се нотирани повеќето слабости на правосудниот систем со конкретни предлог мерки. Членовите на Советот со конкретни забелешки даваа предлози за идно надополнување и изменување на документот, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група задолжена за подготовка на Стратегијата“, се вели во соопштението од Министерството за правда.

На состанокот биле разгледани и Нацрт-законот за изменување и дополнување на Судскиот совет на Република Македонија и Законот за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија, за кои Советот ќе се произнесе на наредната седница.