Економија Поддршка за извозот и на домашните компании, бараат од ССМ

Поддршка за извозот и на домашните компании, бараат од ССМ

По Стопанската комора на Северозападна Македонија, денеска и Сојузот на стопански комори излезе со предлoг-мерки за пребродување на кризата во економијата.

– Бараме поддршка и зголемување на извозот, поддршка на домашните компании за зголемување на домашното инвестирање, продолжување на привлекувањето странски инвестиции. Очекуваме политичката состојба да се стабилизира и одредени проблематики да се решат во што е можно пократок рок за да можеме да продолжиме економски да функционираме – изјави извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, Митко Алексов.

Листата со предлог-мерки се подготвува и истата ќе биде доставена до Владата.