Хроника Почнува судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски

Почнува судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски

Деенеска во Основниот суд Скопје 1 почнува судскиот процес за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи во мај годинава, во населбата Ѓорче Петров.

Обвинет за убиството е 18-годишниот Насер Е., кому ќе му се суди за тешка кражба и за убиство со умисла.

Убиството се случило по кражба на велисипед од дворот на семејството Петковски.

Полицијата не го пронајде оружјето со кое е сторено убиството.

Според одбраната на обвинетиот, станувало збор за убиство во самоодбрана.

Убиството на матурантот предзвика насилни протести на дел од жителите на населбата Ѓорче Петров, во кои беа запалени неколку угостителски објекти, а беа приведени и неколку лица.