Македонија Почна вардарската регата „Гемиџии“

Почна вардарската регата „Гемиџии“

Почна традиционалната регата „Гемиџии“ со стотина учесници на 14 пловни објекти, меѓу кои е и репликата на славната велешка гемија. Тие четири дена ќе пловат по Вардар, тргнувајќи од Велес, со што ќе ја зaживеат традицијата од минатото кога со дрвени гемии се одело на трговија во Солун.

Годинава на регатата учествуваат преставници на Бугарскиот црвен крст и на Извидничкиот одред од Ниш, Србија.

За безбедноста на учесниците ќе се грижат 16 спасители од велешкиот Црвен крст.

И оваа регата ќе заврши во Гевгелија. Организаторите, здружението Вардарска регата „Гемиџии“, се надеваат наредната регата да биде до Солун.