Македонија Почна исплатата за избирачките одбори од минатите избори

Почна исплатата за избирачките одбори од минатите избори

Избори

Државната изборна комисија од вчера почна со исплатата на парите за предвремените парламентарни избори кои се одржаа во април годинава, дознава агенцијата „Мета“. Оваа информација ја потврдија и од Државата изборна комисија.

– Од вчера попладне почнавме со исплата на парите за избирачките одбори за претходните избори. Исплатата треба да заврши до крајот на неделата – изјавија за „Мета“ од Државната изборна комисија.

Во Македонија има 2.976 избирачки одбори со околу 35.000 луѓе.