Македонија Почна да се гради панорамското тркало

Почна да се гради панорамското тркало

По неколкумесечна пауза, почна да се гради панорамското тркало меѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев.

За неговата изведба, како дел од проектот „Скопје 2014“, се издвоија 18,3 милиони евра.

Тркалото ќе има дијаметар од 57 метри и ќе биде високо 73 метри. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан. Рокот за изведба е пет години. Финансирањето на проектот од Град Скопје, во 2013 година го презеде Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП.