Македонија Почина Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија

Почина Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија

На 93 годишна возраст почина првоборецот и носител на партизанска споменица од 1941 година Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија, кој изрази жалење и сочувство кон семејството.

Генералот Атанасовски ќе биде погребан со воени почести денеска петок на градските гробишта во „Бутел“ во 12 часот.

Тодор Атанасовски бил борец и партизански командантза време на Народно Ослободителната Војна, а во поствоениот период, бил редовно унапредуван во повисок чин.

Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 1985 година, извршувал повеќе високи воени должности меѓу кои последните негови највисоки должности: началник на главниот штаб на Народна одбрана на СР. Македонија (1974 – 1982) и командант на Републички штаб за територијална одбрана на СР. Македонија (1982 – 1985).

Во пензионерските години генералот Тодор Атанасовски  беше претседател на Сојузот на борците на Македонија.