Свет Европа Почина сопственикот на „нутела“

Почина сопственикот на „нутела“

Најбогатиот човек во Италија и сопственик на глобалното царство за чоколади и слатки, Микеле Фереро, почина вчера на 89 години, во својот дом во Монте Карло, по долго боледување.

Компанијата „Фереро“ го произведува намазот „нутела“, чоколадата „фереро-рошер“ и линијата „киндер“, а аналитичарите и банкарите сметаат дека е највредната приватна компанија во Италија.

Сè до пред некоја година Фереро секој ден со хеликоптер од вилата во Монте Карло патувал до седиштето на компанијата во гратчето Алба, на североистокот на Италија, каде активно учествувал во создавањето нови производи.

Магазинот „Форбс“ го опиша како најбогатиот слаткар на светот, а тој и неговото семејство со 23,4 милијади долари се најдоа на 30. место на листата на најбогати луѓе на „Форбс“.